Управување со достава

Испораката на добра започнува од фабриките или магацините и завршува во продавниците, рестораните, болниците и слично. Во секој случај, пратката треба да се прими, провери, запише во систем, консолидира и складира, понекогаш тоа се прави надолу до секое индивидуално пакување со индивидуален сериски број

Како функционира испраќањето и примањето на пратки?

Успехот на еден бизнис зависи од тоа колку се точни и навремени информациите за тоа што се очекува да пристигне и кога. Исто така бизнисмените треба да знаат каде се наоѓа пратката кога таа се движи во синџирот на снабдување, од производствените капацитети до корисниците. Зголемената примена на така нареченото „континуирано дополнување“, на претходно спомнатот му дава уште поголема тежина преку зголеменото вкрстување на пратки, честите испораки и испораки на мали пратки.

На вашиот бизнис му се потребни ефикасни и точни процеси за испорака и достава. Вашата компанија мора да има јасен начин за идентификација на палетите и кутиите како и систем за споделување на информации со вашите трговски партнери за испратените и добиените пратки. GS1 стандардите можат да ви го обезбедат сето ова.

Бенефити од нашите стандарди

  1. Добивање на точни и навремени информации за пратките кои пристигнуваат
  2. Ви овозможуваат брзо спојување на пратките со податоците кои доаѓаат предвремено за пратките
  3. Заштедуваат време и ги отстрануваат грешките кои настануваат при рачна обработка
  4. Го намалуваат отпадот при испорака на лесно расиплива стока
  5. Нудат автоматски одговор при неусогласеност на пратките
  6. Ви овозможуваат следливост на продуктите и активностите низ целиот синџир на снабдување

Погледнете го видеото >>